Можно е вирусот Зика да се пренесува и по полов пат
Два случаи на заразување со вирусот Зика покажуваат дека е можно тој да се пренесува и по полов пат, соопшти АФП.
“Не информираа за случај на Зика, во кој преносот најверојатно се случило по полов пат”, рече Ен Шучат, заменик-директор на американскиот Федерален центар за контрола и превенција на заразни болести. Во друг случај “вирусот е откриен жив во сперма на маж два месеци по појавата на симптомите”.
Поради овие случаи “биолошки е можно вирусот да се пренесува и по полов пат, но до овој стадиум научно е познато дека тој се пренесува главно со каснување на инфициран комарец”, истакна д-р Шучат.
Според в “Њујорк тајмс” мажот, чија сперма била заразена со Зика, е од Тахити, а се заразил во Француска Полинезија во 2013 година . Француски научници го откриле вирусот во спермата , откако тој целосно се расчистен од крвта . Вирусот му бил откриен и во урината .
Единствениот познат случај на можно пренесување на вирусот по полов пат е од 2008 година. Двајца американски биолози тогаш работеле во Сенегал, ловеле комарци, за да истражуваат како пренесуваат болести. И двајцата се разболеле откако се вратиле во САД, а по неколку дена се разболела и сопругата на едниот од нив.
Од што точно биле болни останува мистерија, бидејќи истражувањата за маларија и други тропски болести биле негативни. Тогаш не се правени тестови за Зика. По една година, сепак е испитана замрзнат примерок, во која е откриен вирусот Зика.
Извор: Локално.мк