Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Две и пол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, две и пол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, две и пол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од минитингот во Струмица.

На митингот зборуваше и Васил Пишев, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

„Во оваа кампања ги поминав сите населени места и што да видам. Човекот вели дека може да му се верува, оти направил многу за Струмица. Заев нема ставено ниту еден камен во Струмица“, рече кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Васил Пишев од Струмица.

Претходно, во Радовиш Груевски истакна:

„Вкупните странски инвестиции во Македонија во минатото изнесуваа над 2 милијарди евра, а во време кога дојдовме на власт извозот беше само една милијарда, а сега во 2016 година изнесува повеќе од 4 милијарди, тоа не падна од небо, за тоа работиме ние и работите се менуваат и се движат кон подобро“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски, вечерва во Радовиш.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново