osmani fin

28.05.2020

Мислам дека разликите помеѓу политичките партии вклучувајќи ги и најекстремните позиции по однос на датумот за избори, не се разликуваат повеќе од десет -петнаесет дена. Така што сметам дека не се ненадминливи разлики и ако деновиве продолжи интензивната комуникација меѓу партиите, како што и се случува мислам дека може да се сретнеме некаде околу 5 јули, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

glasackikutii finПартиите најдоцна за три дена треба да ги комплетираат и достават до Државната изборна комисија (ДИК) листите со кандидати за пратеници и носителите на листите со кои ќе настапат на предвремените парламентарни избори.

nikolovski fin

Емитувањето на првите прислушкувани разговори беше во февруари 2015, сега е февруари 2020 – политичката криза трае 5 години, така што е неодржливо за било кого да продолжи оваа политичка криза. Мислам дека и ние и СДСМ ги „збудалевме луѓето“. На Македонија и е потребна стабилност и мир. Како и да завршат изборите треба да заврши кризата и да имаме еден дух на соработка во годините кои што доаѓаат“, изјави за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“ Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

vmrozgrada fin

Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ на својата последна седница расправал за актуелната општествено политичка состојба и подготовката на партијата околу предвремените парламентарни избори, соопштуваат оттаму.

zaev kasami fin

Во емисијата „Клик Плус“, лидерот на БЕСА, Биљал Касами изјави дека поради несериозноста на Алијанса за Албанците, одлучил да не коалицира и на избори да настапи сам.

mcko fn

Нашите црвени линии се закон кој е во согласност со Уставот, применлив и ќе обезбеди независност на обвинителството и непристрасна борба против криминалот. Ако на ова подготвени СДСМ може да се изгласа законот веднаш, вели лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во интервју за Прес 24, прашан дали има можност новиот закон за јавно обвинителство да биде изгласан пред распуштање на Парламентот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново