Продолжува периодот на стабилно и потопло време, што ќе услови постепено топење на снежната покривка на планините.

Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите и со него се прави упад врз мисијата, финансирањето и уредувачката политика на медиумите, реагира претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

Во новообјавениот извештај на Фридом Хаус за слободата во светот, организацијата оценува дека Македонија во 2015 година има оценка од 3,5 и надолен тренд, кој се должи на аферата со прислушувањето. Според американската организација, на Балканот постои застој и Македонија, Косово и Босна покажале дисфункционалност.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно влажни коловози.

Следува период на стабилно и потопло време. До петок ќе има услови за утринска магла по одделни котлини.

Да се донесе Закон за владино рекламирање, од државниот буџет наместо 0,14 отсто за Македонската радиотелевизија да се одвојуваат 0,17 отсто, а организацијата да биде според комбиниран словенечко-белгиско-германски модел, порталите да се регистрираат како трговски друштва или да немаат третман на медиуми, ова се дел од предлозите за реформи во медиумската сфера што вчера на работната група ги доставила ВМРО-ДПМНЕ. Според извори од преговорите, пред претставниците на другите партии и меѓународната заедница од ливче ги прочитал министерот за здравство Никола Тодоров.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново