Во официјалниот камп во Табановце и во импровизираниот во меѓуграничната зона со Србија има околу 1.500 лица, претежно Авганистанци и Сиријци. Со денови престојуваат во мизерни услови, повеќето од нив се болни, но истрајни во одлуката да најдат подобар живот.

Тешка сообраќајна несреќа утринава се случила на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Црно возило марка Пунто излета од патот, ја проби кованата ограда и буквално виси над реката Вардар.

Во Кривичниот суд се одржа судско рочиште за операцијата „Ќелија“.

Хелсиншкиот комитет го поздравува начинот на кој се образложени констатациите во Извештајот за извршен програмски надзор, а кој беше изработен од страна на Секторот за програмски работи при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), каде дава предлог до директорот на АВМУ – „Писмено да му укаже на Трговското радио-дифузно друштво КАНАЛ 5 ДООЕЛ Скопје, дека со изјавите и ставовите искажани од Миленко Неделковски во изданијата на неговите емисии „Миленко Неделковски Шоу“, емитувани на 15, 22, 29 јануари и 5 и 12 февруари, 2016 година поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на сексуална ориентација со што го прекрши членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.“

МВР, кое ги има сите податоци за матичната евиденција на граѓаните, најдобро може да утврди дали хаосот во избирачкиот список е резултат на негово неажурирање или на криминал, велат експерти, анализира Дојче веле.

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) организира еднодневна конференција на тема „Ефективна борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личности или на систем?“, на 22 март 2016 г. (вторник), во 10 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново