Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Температурата до 15 степени.

Од прифатниот камп во Табановце, во близината на Куманово успелае да избегаат 40 мигранти, јавија некои медиуми, наведувајќи дека информацијата е потврдена и од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пратениците во Европскиот парламент вчера еден час дебатираа за резолуцијата за Македонија која ја подготви известувачот Иво Вајгл. Потврдени оценките на ЕК, сѐ зависи од изборите, пишува Дојче веле.

Посредникот Питер Ванхауте само го искажува очигледното, а тоа е дека нема преговори за медиумските реформи и дека во полноќните пазарења околу датумот за изборите, медиумските реформи беа онаа монета за поткусурување, јави Плусинфо.

Судскиот процес за Диво насеље денеска продолжува во Кривичниот суд во Скопје, со сведочење на петмина кумановци, сведоци на барање на Јавното обвинителство, јави ТВ Нова.

Преговорите за реформи во медиумите со политичките работни групи не е возможно да продолжат на начин на кој досега се одвиваа, се наведува во соопштението на европскиот посредник во преговорите Питер Ванхауте, јави Телма.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново