ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во јануари и февруари потрошиле по 50.000 евра за предизобрни активности иако кампањата се` уште не е започната. Од „Транспаренси Интернешнл“, која ги набљудува трошењата на политичките партии, пресметале дека власта најмногу пари потрошила за отворање нови партиски канцеларии, а опозицијата за митинзи и средби со граѓани. Во исто време, двете партии го злоупотребуваат тоа што Агенцијата за медиуми не ги следи социјалните мрежи и активно се рекламираат на Фејсбук, вели Слаѓана Тасева, јави Телма.

Австрија сака да и помогне на Македонија да ја држи затворена нејзината граница со цел балканската мигрантска рута да остане блокирана, пишува Радио Слободна Европа.

И понатаму е тајна бројот на граѓани кои би требало теренски да бидат проверени од страна Државната изборна комисија. Се очекува оваа комисија утре да даде детали за работата на екипите на теренот,јави АлсатМ.

Со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија, порача шефот на државата во обраќањето доцна вечерва по завршувањето на седницата на советот за безбедност, јави 24 Вести.

Околу десетина новинари од повеќе медиуми утринава пред Уставниот суд беа спречени од обезбедувањето да влезат во Судот за да ја следат седницата закажана за во 9 часот, јави Нова.

На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново