Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите.

Сите партии ја имаат одговорноста на 5-ти јуни да се организираат фер и демократски избори, и секоја од нив треба да направи напор истото да се реализира – порача американскиот амбасадор Џес Бејли по одлуката на Собранието Македонија на избори да не оди на првопредвидениот датум 24-ти април, туку на 5-от ден од јуни, пренесе 24 Вести.

„Во овој момент, постигнати се сите потребни услови за одржување фер и демократски избори на 24 април. Тоа му е јасно на секој човек, како што му се јасни и причините зошто СДСМ не сака да оди на избори и бара разни изговори, како што му се јасни причините за проценката на ЕУ и САД, и како што се јасни причините зошто прифативме мало поместување. Одлуката беше во наши раце, но и одговорноста која ја носиме за државата и народот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во обраќањето кое доцнеше скоро час и половина, беше најавено многу пред обраќањето на Заев, а се случи по него.

„Со кршење на Договорот од Пржино, одбивање на реформите за медиуми и прочистување на избирачкиот список, лажниот патриот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да ја втурнат Македонија во драматична криза. Потврдата од ЕУ и САД, дека не се исполнети условите за фер избори и одложената одлука за резолуцијата во Европскиот парламент, покажуваат колку само слободните избори се значајни за иднината.

Вонредните парламентарни избори нема да се одржат на 24 април по вечерашната одлука на Собранието да не се распушти и откако со 73 гласа за и 7 воздржани беа усвоени измените на изборниот законик.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб дожд врне во Крива Паланка, Попова Шапка и Маврово.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново