Две домашни и една странска ај-ти компанија ќе вршат вкрстена проверка на податоците од базите на десет државни институции. Нивните аналитичари треба да имаат пет-годишно искуство во пребарување, споредување и заштита на лични и доверливи податоци, како што бара ДИК во денешниот оглас. Овие експерти ќе ги добијат истите информации од Избирачкиот список и од базите на другите институции, а потоа ќе ги обработуваат независно еден од друг, за да се добијат што е можно пообјективни и три пати проверени резултати и статистички анализи, јави Телма.

Работните групи денеска нема да се сретнат но посредникот Питер Ван Хауте го доби предлог законот за медиуми од СДСМ. Политичката партија денеска го достави предлог-решението, за кое дел од новинарските здруженија вчера иако го нема видено на хартија се изјаснија дека не е прифатливо. Од канцеларијата на посредникот велат дека работната група ќе се состане утре.

Тензичната атмосфера кулминираше во моментот кога претседателката на комисијата сакаше да го стави на гласање предлогот за временско ограничување  на дискусиите по примерот на оние од пленарните седници, јави Телма.

Пет лица се тешко повредени, а 26 други се со полесни повреди, откако бугарски автобус се преврте синоќа на автопатот меѓу Крива Паланка и Ранковце во Македонија.

Политичките партии денеска ги продолжуваат разговорите за реформата во медиумскиот систем, кое е една од клучните предуслови за решавање на политичката криза и за обезбедување предуслови за слободни избори, вели Здружението на новинари на Македонија во соопштението за јавност.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на повисоките и осојничавите места. Поради појава на магла, видливоста на патните правци Гевгелија – Богданци и Удово – Гевгелија е намалена на 50 до 100 метри.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново