Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Teмпература до 17 степени.

Струмичани му оддадоа почит на трагично загинатиот претседател, Борис Трајковски кој пред 12 години на денешен ден загина во авионската несреќа кај Мостар во Босна, јави Канал 77.

По дополнителните консултации се очекува да се разјасни неговиот статус, кој е доведен во прашање по отворената конфронтација со ВМРО-ДПМНЕ, пишува Утрински весник.

На рекордерот по напишани преставки до уставниот суд Стамен Филипов никогаш не би му паднало на памет да го оспори законот за помилување, јави Телма.

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува заложбата на Европската Унија и на Соединетите американски држави, како олеснувачи во постигнувањето на договорот од Пржино и како гарантори на неговото спроведување, да продолжат да разговараат со политичките партии за реформи во медиумите, како еден од важните предуслови за одржување на фер и кредибилни избори.

Уставниот суд во иднина не смее да дозволи да се помилуваат и педофилите, кои во најголем број случаи го повторуваат делото, реагираат од првата Детска амбасада Меѓаши, откако од таму донеле одлука да се расправа за укинување на Закон што би овозможило помилување на лица осудени за кривични дела против половата слобода и половиот морал сторени спрема деца и малолетни лица.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново