Во четврток, заменик помошник државен секретар во Стејт Департментот на САД, Хојт Ји, ќе дојде во Македонија. Тема на неговите средби со македонските политичари ќе биде исполнување на договореното во Пржино и за подготовките за спроведување на изборите, објави Алсат-М.

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ), вечева во зградата на Европарламентот во Брисел со 42 гласа „за“ и девет „против“ ја усвои Резолуцијата за Македонија, што на предлог на известувачот Иво Вајгл содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите за членство во Европската унија.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни кoловози. Mагла со видливост до 100 метри има во Тетово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладне во источните делови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец.

Експертите ангажирани од Државната изборна комисија, денес, 29.02.2016 го започнаа вкрстувањето на податоците од 10 бази на податоци добиени од релевантни државни институции.

Ви го пренесуваме писмото на Европската федерација на новинари кое беше адресирано до Комесарот за проширување и соседска политика на ЕУ г.Јоханес Хан:

Почитуван комесаре Хан,

Во име на Европската федерација на новинари (EFJ), која претставува над 300.000 новинари од цела Европа, и нашите членки во Македонија, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Синдикатот на македонските новинари и медиумски работници (ССНМ), Ви пишуваме со сериозна постојана загриженост за состојбата со слободата на медиумите во Македонија.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново