За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и многу топло време. Во недела кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен дожд.

Нема мерки за претпазливост, односно забрана за полициски овластувања за командантот на полициските Алфи Ивица Анчевски и за петтемина други осомничени во случајот „Тврдина“, јави Радио Слободна Европа.

Околу 170 илјади гласачи ќе бидат ставени на посебна листа, а околу 40 илјади спорни во рок од 25 дена треба самите да се пријават за гласање, во спротивно нема да имаат право на глас, јави Радио Слободна Европа.

Четирите најголеми политички партии вчера се договорија за начинот на кој тие сметаат дека ќе бидат создадени услови за вистински фер, слободни и демократски избори. Граѓанското општество не беше вклучено во овие преговори, ниту како набљудувач, ниту како консултант. Ова повторно го наметнува сомнежот дека партиите од власта ќе ги искористат сите средства кои им се на располагање за да спречат спроведување на договореното. Ваквите ризици одново предизивикуваат губење на довербата во целиот процес.

Денеска во Собранието треба да бидат изгласани законските измени на Изборниот законик што произлегуваат од меѓупартискиот договор што беше постигнат завчера.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново