Демократската обнова на Македонија преглага Владата да прогласи вонредна состојба поради екстремното загадување. Според портпаролката на партијата, Маја Морачанин, Владата во заминување требаше да покаже доблест и уште на почетокот на зимата да го свика меѓусекторското тело составено од служби на Град Скопје, Министерството за животна средина и сите надлежни инспекторати и институции задолжени за животна средина формирано во 2011 година, кое на експресен начин може да ги утврди состојбите.

На 28 декември, среда, кај Фонтана, Градски Парк, ќе се одржи протестен марш за чист воздух. Организатори на протестот се граѓани и еко-активисти, а тие соопштуваат дека протестот е граѓански и не е поддржан од ниту една политичка партија.

Државната изборна комисија, во среда, и официјално ќе им ги врачи уверенијата за освоен мандат на пратениците што беа избрани на изборите одржани на 11 декември. Најголем дел од пратениците се старо-нови, додека од тие што досега не седеле во собраниските клупи, а на јавноста и се познати, се Јохан Тaрчуловски, Борис Змејковски од ВМРО-ДПМНЕ, претстaвниците на Шарената револуција Ирена Стефоска, Павле Богоeвски и Ирена Туфегџиќ од СДСМ, професорот Ферид Мухиќ, како и генералот во пензија Илија Николовски.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100м. има во Делчево.

Од денеска  поради продор на многу студена воздушна маса од север ќе преовладува променливо облачно, студено и ветровито време.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите се наместа влажни.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново