Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Од околу 40 илјади спорни гласачи досега се пријавиле нешто над 1.200. Експертите велат дека не може да се очекува голем одѕив зашто овие граѓани веројатно не постојат, јави Радио Слободна Европа.

Вчера почна селекцијата на кандидатите што се пријавиле на огласот на Министерството за внатрешни работи за пополнување на своите редови со нови 600 полицајци. На конкурсот, кој беше распишан на 15 јули и траеше до 30 јули, се пријавија 3.972 кандидати.

Екипи на специјалните единици нуркачи го пребаруваат езерото Калиманци во месноста Рибнички Мост на меѓународниот пат за Бугарија, каде се претпоставува дека се наоѓа возилото и телото на 43-годишниот Дејан од каменичка Дулица.

МВР поднесе кривична пријава против Дејан Митровски Урко за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот. Пријавата денеска стигнала во рацете на надлежниот обвинител, кој по анализата на сите докази ќе треба да одлучи дали Митровски ќе стане осомничен за сообраќајката од пред десетина дена кај Рампа, во која загина 22 годишно момче од Сингелиќ, јави 24 Вести.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново