Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Богородица (Евзони) и понатаму е затворен за сообраќај за сите видови на возила.

До петок ќе преовладува претежно сончево и релативно топло време. Утре ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец.

Воз на Македонски железници Транспорт денеска бесплатно ќе превезува патници од Скопје за Демир Капија, каде се одржува традиционалната манифестација „Недела на традицијата Св.Трифун“.

Доколку утре се одржат избори ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ќе бидат речиси изедначени, покажува најновата анкета на агенцијата „М-проспект“ направена по нарачка на телевизија „Телма“. За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23,3 отсто од граѓаните, за СДСМ 23 отсто.

На лозовите насади денеска традиционално ќе се изврши закројувањето на лозјата во чест на православниот празник Свети Трифун.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони и понатаму е затворен за сообраќај. Граничните премини Меџитлија и Дојран се отворени.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново