Груевски ја продолжува битката против неистомислениците и сака да ја истера до крај, велат од невладините, финансирани од Сорос. Тие реагираат по интервјуто на порашениот премиер кој го обвинува граѓанскиот сектор за корупција. Ваквото етикетирање ја турка Македонија во поголема криза, пишува Радио Слободна Европа.

Колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови треба да пријават новоизбраните пратеници до Државната комисија за актикорупција.

Веројатно сите 65. Досегашната пракса покажува дека многу повеќе од пратениците кои им завршува мандатото се определуваат за апанажа и чисти пари, отколку да се вратат на бедните плати на старите работни места, велат експертите.

Слаб снег паѓа во Кочани, Делчево, Берово, К.Паланка, Страцин, Кичево и Прилеп и на планиските премини Маврово, Стража, Железнец, Пресека и Буково кој не се задржува на коловозот.

Изутринава во осум часот највисока снежна покривка е измерена во Маврово од 15 сантиметри, девет сантиметри снег падна во Лазарополе, седум во Дебар, четири во Тетово, три во Пожаране, а еден сантиметар во Берово, Крушево и Виница.

Денеска во утринските часови ќе има  појава на врнежи од снег во западните и северните делови. Преку денот променливо облачно со слаб јужен ветер. Температура до 6 степени.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново