Mакедонија до следната пролет ќе стане 30 членка на НАТО. Ова во изјава за ТВ 21 го вели поранешниот амбасадорот на Македонија во Алијансата, Нано Ружин, кој има големи очекувања за брзо решавање на македонско-грчкиот спор.

Граѓаните на Струга, од синоќа почна гасењето на пожарот на дивата депонија недалеку од Струга. Сета расположлива механизација во регионот на Струга, механизација на Агенцијата за патишта е мобилизирана за да го реши проблемот.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во јужната половина од земјава на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Поради спуштање на постудена воздушна маса, позначителна нестабилност се очекува кон крајот на денот кон сабота.

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија на министерот Никола Димитров му го повторила истиот став како и грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас - прво да се најде решение за името, па зелено светло за прием во НАТО.

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици – министри на Владата.

Земјотрес со магнитуда од 2,6 степени според Рихтеровата скала е пoчувствуван изутринава во 06 часот и 07 минути во Скопје и околината.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново