Ново задолжување на пазарот на домашни хартии од вредност. Владата утре планира да се задолжи за 5,6 милиони евра.

Кривичниот совет на Врховниот суд денеска на затворена седница за јавноста, ќе расправа по барањето на СЈО за законитоста при одлучување за притвор за градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и за одлуката за притвор на градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.

Сообраќајот на патниот правец Маврово–Дебар на делот од Мелнички мост до селото Долно Косоврасти ќе биде во прекин во двата правца денеска од 13 до 17 часот, поради асфалтирање.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно суви коловози.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер.

Недомаќинското работење на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, вчера го почувствуваа и студентите сместени во студентскиот дом "Гоце Делчев", вели министерската за образование, Рената Дескоска, по инфиормацијата дека студентите сместени во тој студентскиот дом поголем дел од вчерашниот денот биле без електрична енергија, а некои катови и без вода.

Документите поврзани со службени патувања на вработените во Министерството за надворешни работи со решение на министерот во овој ресор повторно стануваат информации од јавен карактер, соопшти Министерството за надворешни работи.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново