Во предлог-буџетот за 2017 година предвидени се 452 милиони евра за дополнување на пензискиот фонд. Или 54 % од потребните пари за исплата на 312.858 пензионери ќе дојдат како дополна од буџетот, а не од приходите од пензискиот фонд.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска доаѓа во Скопје на средби со лидерите на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, специјалната јавна обвинителка и со претставници на невладиниот сектор.

До сабота ќе преовладува стабилно време со релативно високи дневни температури.

Избори на 11-ти декември секако ќе има, а тоа што некои од политичките партии сè уште не почнале да се подготвуваат за политичка кампања, само значи дека ќе загубат на избори“, вели европратеникот Иво Вајгл, како одговор на укажувањето на ЦИВИЛ – Центар за слобода, дека во разговор со претставниците на политичките партии во Македонија, може да се донесе заклучок дека ВМРО–ДПМНЕ не ги ни започнала своите предизборни активности во локалните партиски штабови. Како што соопшти Вајгл, овој податок го добил и тој при последната посета во Скопје.

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, заедно со заменик-министерката за правда Биљана Бришковска-Бошкоски и државната секретарка за европски прашања Ана Блажевска се во дводневна работна посета на Брисел, каде во очи на претстојното објавување на прогрес-извештајот на Европската комисија за Република Македонија, се сретнаа со голем број високи претставници на Европската унија, на кои директно им го претставија напредокот во македонската држава во повеќе области, јави 21 ТВ.

Минатата недела среде бел ден било мачено и силувано куче на кејот покрај Вардар, , од страната лице на возраст од 25- 30 години, кое по монструозното изживување врз кучето влегло во едно од куќите во Керамидница, реагиораат од здружението „Анима Мунди“, пишува Фокус.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново