После масовно поддржаниот најдостоинствено изведен марш насочен против долгогодишните антимакедонски политики кои својот врв го постигнуваат со класичното предавство извршено од македонските партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ околку „албанската платформа“ Б А Р А М Е ЈАВЕН ОТЧЕТ од „преговарачите“ за новата повеќе призренска отколку македонска Влада, напишаа денеска „Тврдокорни“ во соопштението за јавност .

Синдикалната организација „Југохром Алзар“ во четврток (2 март) организира нов протест против, како што велат, неоправданото исклучување на печките во „Јухогром“.

Срѓан Керим во саботата побарал и остварил средба со штрајкувачките одбори на трите весници, кои ја донесоа одлуката за штрајк во Медиа Принт Македонија.

Потписите се собрани и веќе се во седиштето на СДСМ. Лидерот на опозицијата Зоран Заев го доби мандатот од партијат да биде мандатар на СДСМ, и денеска како што е редот ,ќе му ги предаде потписите на претедателот Ѓорѓе Иванов. Заев има 67 пратенички потиси, а потребни се 61, тоа е повеќе од доволно да му се предаде мандатотот за формирање влада , откако во првиот обид Никола Груевски не успеа да привлече ниту една партија ниту еден потпис повеќе од оние кои што ги имаше освоено(51), на последните избори од 11 декември, пишува Локално.мк.

ДГ Бетон АД Скопје извести дека почнувајќи од 27.02.2017год., поради градежни работи на магистрален пат А2, Делница Гостивар-Кичево по раскрсница Маврово на патот кон Кичево, сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента (од км 98+100 до 98+900 односно околу 800м), согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.

Се известуваат сите учесници на сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и слаб јужен ветер. Tемпература до 15 степени.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново