На социјалнитемрежи се формира група од граѓански активисти, учесници во протестите на „Шарената револуција“. Тие најавуваат дека по вчерашните навреди ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Повторно почнаа да се собираат граѓани пред Кривичниот суд поради обвиненијата што вчера ги покрена Специјалното јавно обвинителство против поранешниот премиер, Никола Груевски, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и други осомничени.
МВР започна со кадровски промени на раководни позиции во ресорот. Вчера биле донесени неколку одлуки за разрешување на претходните, и за именување на нови раководители.
Судиите од кривичните совети од Основниот суд Скопје 1 синоќа и денеска ќе одлучуваат по обвиненијата и барањата за определување на мерки за претпазливост и мерка притвор за случаите на Специјалното јавно обвинителство што вчера беа примени во Судот.
Специјалното јавно обвинителство веднаш по прес-конференцијата ги достави обвинителните акти во Кривичниот суд со што започнува судската постапка. Доказните материјали за вкупно 17 обвиненија сместени во кутии влегоа во надлежниот суд.
Бремените жени и хронично болните на возраст над 60 години да бидат ослободени од работа, а градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот, се дел од препораките на Министерството за здравство што Владата ги усвои на синоќешната седница поради топлотниот бран што ја зафати Македонија.