Министерството за труд и социјална работа инфорима дека во од 29 јуни до 1 јули, за време на топлотниот бран дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршиле 97 инспекциски надзори од областа на безбедност и здравје при работа на целата територија на Република Македонија.

Не разговаравме за нови предлози за името ниту, пак, дојдов со конкретен предлог. Разговаравме за самиот процес и за тоа како да се интензивира“, изјави за медиумите специјалниот пратеник на ОН за спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров.

Специјалниот претставник на Обединетите нации во преговорите за името, Метју Нимиц денеска по средбата со шефот на дипломатијата, Никола Димитров изјави дека не носи нов предлог за името и дека во наредните неколку месеци не очекува некои драматични случувања или решение во спорот за името.

Денешното судење за случајот „Тврдина 2“ во кое обвинети се поранешниот прв човек на Петтата управа во УБК Горан Грујевски и уште шест вработени во УБК се одложи за 26 септември.

Специјалниот претставник на Обединетите нации во разговорите меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц во рамките на неговата посета на земјата денеска во Скопје ќе има средба со премиерот Зоран Заев.

Времето ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне и со појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат. УВ-индексот ќе изнесува 6.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 
   
   
   
   

Најново