Alkaloid fin„Алкалоид АД Скопје” соопшти дека денеска донира 12.300.000 денари (200.000 евра) на посебната наменска донаторска сметка на Министерството за здравство, формирана за целите на справување со здравствената криза и дека ги намалува цените на 158 свои производи кои во моментов се наоѓаат на листата на потреби веројатно на секое домаќинство: фармацевтските брендови „Аналгин”, „Кафетин”, „Прокулин”, „Бетадине”„Ацерола”, „Блокмакс”, „Бронлес”, лекови за намалување на телесната температура, одредени помошни лековити средства, разни витамини и додатоци во исхраната, средствата за чистење од колекцијата „Глос”, сите дезинфициенси, антисептици, средства со антибактериско дејство и други слични производи.

crvenkrst fin

Црвен крст на град Скопје соопшти дека со финансиска поддршка од Државна Лотарија од денеска ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

kovid19 fin

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (7) и Куманово (5).

lekari fin

Закажувањето на земање брисеви од вчера се врши и преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

KSOM fin

Правиме список на газди и фирми, кои во ситуација на здравствена криза и епидемија на корона вирус се однесуваат нехумано и неетички кон своите вработени. Ова на прес конференцијаѕа пред малку, го изјави Марјан Ристески од КСОМ -Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија.

vizer fin

Сите летови на авиокомпанијата „Виз Ер” од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март во 23 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Виз Ер”.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново