Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

image 109647

08.03.2021

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија.

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои во континуитет градат пријателски и партнерски односи и притоа беше нагласен интересот за интензивирање на економската соработка.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната поддршка и помош од Шведска, која е силен поддржувач на политиката на проширување на Европската Унија и изрази очекување дека Северна Македонија и Шведска и во иднина ќе ги јакнат меѓусебните односи и врски преку постојано унапредување на соработката и поддршка на македонските евроинтеграции.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново