Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

spasovski 2 360x180

26.02.2021

Ми претставува искрено задоволство и чест што денеска имам можност да бидам домаќин на висока делегација од Министерството за цивилна заштита на Хеленската Република, предводена од министерот Михалис Хрисохоидис и би сакал да се заблагодарам за прифаќањето на поканата за посета на нашето министерство. И во време на светска пандемија, желбата и волјата за соработка остануваат двигатели на успехот, што впрочем и го докажавме со нашата заедничка средба која ја додаваме кон многубројните активности кои се дел од интензивниот напредок во соработката меѓу двете држави“, истакна министерот Спасовски по средбата со својот колега од Хеленската Република, Михалис Хрисохоидис.

Борбата против организираниот криминал и илегалната миграција беше посочена од двајцата министри како заеднички императив, во кој што прекуграничната соработка, особено во делот на граничното работење, е неминовна, со посебен акцент на миграциската криза, која значително ги оптоварува двете држави.

„Утврдивме дека имаме многу заеднички работи, области за дискусија и взаемен интерес и дека во периодот што претстои ќе бидат направени напори за оваа волја за интензивирање на соработката да ги преточиме во вистински стратешки и оперативни активности. Веќе во тек е нашето заедничко работење на усогласување на Протоколот за спроведување на Договорот за преземање на лица кои престојуваат без дозвола, потпишан во Брисел во 2007 година, а меѓу нас денеска ги споделивме и Предлог договорите за безбедносна соработка, односно соработка во областа на криминалот, за кои што сум убеден дека нашите служби ќе ги усогласат во најскоро време“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека оваа средба е уште една потврда на добрососедските односи на кои што двете држави се упатени една на друга, како сериозни партнери во борбата против постоечките и новите предизвици на национално и регионално ниво, а степенот на соработка и меѓусебна комуникација, како на оперативно, така и на стратешко ниво, оди во нагорна линија, што е, впрочем, од исклучителна важност за нас како држава.

Заблагодарувајќи се за поканата и топлото добредојде, министерот за цивилна заштита на Хеленската Република, Михалис Хрисохоидис, посочи: „Денеска имавме можност да разговараме за прашања од заеднички интерес и да побараме начини и методи за зајакнување на билатералната прекугранична соработка, во борбата против организираниот криминал и тероризмот, како за внатрешната безбедност на нашите земји, така и за регионалната безбедност во регионот. Инвестираме во добрососедство, секогаш во согласност со обврските што произлегуваат од спроведувањето на Договорот од Преспа и со воспоставувањето канали за комуникација“.

Министерот Хрисохоидис ја истакна поддршката од страна на Хеленската Република за процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ и волјата да ја обезбедат целокупната потребна помош за исполнување на бараните релевантни услови. Тој денешната средба ја оцени како инаугурација на еден процес на директна соработка, врз основа на взаемно почитување, искреност и доверба, за да им понудиме поефикасни безбедносни услуги на нашите граѓани и земји.

„Ние препознавме дека многу важен чекор во нашите билатерални односи е склучувањето на Договорот за полициска соработка, кој ќе ги постави темелите за зајакнување на соработката на органите за спроведување на законот, на стратешко и оперативно ниво. И не остануваме само на изјави, туку одиме напред и во пракса преку работата на Заедничките комисии на двете земји за отворање на две нови гранични точки, во областа на Преспанското Езеро и во Промахи и Мајден, кои се во тек.

Во исто време, заеднички ја испитуваме можноста за создавање на еден Контакт центар за полициска соработка, според стандардите на ваков вид соработка со надлежните органи на други земји“, подвлече министерот Хрисохоидис, изразувајќи оптимизам дека во наредниот период ќе бидат направени неколку чекори напред и ќе се постават цврсти темели за конструктивна соработка со поволна перспектива, како на билатерално, така и на европско ниво.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново