Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mila carovska

26.02.2021

Во моментов работиме на ново законско решение кое ќе значи посовремено утврдување на материјалите кои што ќе се користат во образованието затоа што учебниците не се единствениот извор. Токму затоа сега, оние материјали, како дидактичките, ќе се посочуваат на училиштата дека може да ги користат и да ги дистрибуираат до учениците, секако не се тие единствениот извор, сите други извори на информации ќе можат да им бидат посочувани на учениците за да можат да ги користат понатаму, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска при консултативната средба во Гостивар.

Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа до каде е процедурата за учебниците по музичко, односно зошто уште не се отпечатени, Царовска нагласи дека е значајно сите учебници коишто се во процедура понатаму да се користат и електронски.

– Заради тоа што сметаме дека на тој начин ќе имаме можност учениците да имаат пристап до нив, но исто така печатењето и сѐ она што ќе значи пристап до тврда копија од одреден материјал ќе биде овозможено преку училиштата. Само кај нас има една тенденција на предавање на учебник наместо предавање на програма, потенцираше министерката за образование и наука.

Таа околу одржувањето на државната матура, рече дека најзначајно е тоа што нашата држава останала на патеката на развиените европски земји, со тоа што годинава организирала матура.

– Минатата година сите земји и во регионот и во Европа организираа матура, а нашите ученици останаа незапишани на факултетите надвор од државата заради тоа што државата не успеа да организира матура. Затоа сум навистина среќна и сметам дека матура се одвива во стандардот којшто е потребен, а тоа е полагање на четири предмети. Остануваме на патеката да имаме матура која што е соодветна со полагање на четири предмети што ќе бидат спроведени во наредниот период во соработка со сите засегнати страни, посочи Царовска.

Министерката истакна дека во моментов работат на нов концепт за матура којшто ќе биде во пракса од наредната учебна година.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново