Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kovid finn

22.01.2021

Речиси сите епидемиолошки параметри, според кои се евалуира состојбата со епидемијата, бележат тренд на намалување, односно зголемување во однос на бројката на оздравени случаи, соопшти вчера Министерството за здравство, Венко Филипче.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 11 до 17 јануари, процентот на позитивни од тестирани изнесува 16 отсто, што споредено со средината на декември е намалување од 13,3 отсто.

Во истиот извештај од декември, бројот на новодијагностицирани случаи со ковид-19 во една недела изнесувал 4.585, а во извештајот за минатата недела таа бројка изнесува 2.397, што покажува намалување од 48 отсто. За истиот период бројот на смртни случаи на неделно ниво е речиси преполовен, а значително е зголемен бројот на оздравени пациенти.

И вчерашната ковид-статистика покажа тренд на стабилизирање на епидемијата. Од направени 1.906 тестирања во претходното деноноќие, беа регистрирани 356 нови случаи на коронавирусот, како оздравени се забележани 587 пациенти, додека починаа 15 лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 89.817, бројката на оздравени пациенти е 75.387, на починати е 2.754, а бројот на активни случаи изнесува 11.676.

Од Министерството за здравство велат дека се целосно подготвени за процесот на вакцинација, а први ќе се вакцинираат здравствените работници. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека првите вакцини од „Фајзер” и од Србија ќе стигнат со интервентен увоз.
Тој посочува дека Србија е единствената земја во целиот регион во која има локално претставништво на „Фајзер” и тоа на некој начин им ги забрза работите.

Што се однесува до вакцините кои во земјава треба да стигнат преку Ковакс механизмот, министерот посочува дека на 29 јануари ќе има состанок со претставниците од тој систем кога се очекува да добие информации кога и во кои количини вакцини ќе стигнат во нашата земја.

Стефани Манева

#Ковид-19 #ЗголеменБројНаОздравени #НамаленБројНаЗаразени #МинистерствоЗаЗдравство #ВенкоФилипче

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

KOZUVCANKA 2021 01

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново