„24 часа“: Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија
Објавено на 4 декември, 2020 во 10:06
04.12.2020
Данска и Холандија се двете земји кои се приклучиле кон бугарското вето за Северна Македонија, изјавил дипломатски извор за бугарскиот весник „24 часа“.
Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, а постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.
Откако Бугарија го блокираше почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок на 7-ми декември. За следниот ден е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Северна Македонија.
Мите Јаначков