Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zgradanaVMRODPMNE fin

30.10.2020

Македонија со Заев и Филипче оди кон ломбардиско сценарио. Нов ден нови црни бројки од корона епидемијата. Во последното деноноќие регистрирани се 862 новозаболени и 14 нови починати, а бројот на активни случаи се искачи на околу 8.500 лица, пишува во соопштението за јавност на опозицијата.

-Оваа дека подготвени ќе го дочекаат вториот есенски бран, а гледаме дека болничките капацитети се исполнети, граѓаните чекаат со денови да бидат тестирани, здравствениот персонал е исцрпен и демотивиран од властите, речиси целиот здравствен систем ни е во хаос поради лошото менаџирање со состојбите, а нивните мерки се сведуваат на ред апели, ред читање на црни статистики, ред обвинување на граѓаните, опозицијата и слично- наведуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Сите им се виновни, велат оттаму, што не знаат да се справат со епидемијата, освен самите тие.

-За еден месец во Македонија има над 11 илјади нови случаи на заболени и околу 250 починати. Со вакви бројки Македонија е редовно на врвот по црната статистика, а здравствените власти не чувствуваа одговорност. Сето тоа покажува колку мафијата на власт се грижи за здравјето и животите на граѓаните, колку и какви мерки превземаат епидемијата да се контролира и здравствениот систем да се менаџира- стои во соопштението.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново