Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

brztestkorona fin

30.10.2020

Од понеделник, граѓаните ќе можат преку дадениот телефонски број во медиумите да закажуваат и да направат брзи тестови.

Здравствениот дом Скопје е прва здравствена организација што ќе почне со изработка на брзите тестови. Овие се квалитетни тестови од фирмата Abbott кои даваат 99,6 отсто точност на резултатот, соопшти д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести.

– Како тестови постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно време околу половина час во почетокот, меѓутоа како екипите ќе се уходуваат тој временски период ќе гледаме да го намалиме на 20 минути, посочи д-р Исијановски во Тема на денот на Сител.

Во однос на постапката за брисеви со овие тестови, тој појасни дека се зема брис назоферигијално, потоа се става во епрувета во која има течност, потребно е од 15 до 20 минути, на една плочка се капнува каде што веднаш се добива резултатот.

Доколку е лицето позитивно, додава тој, веднаш во текот на денот ќе биде известен од Институтот за јавно здравје кој понатаму ќе постапи со епидемиолошка анкета за лицето да биде ставено во изолација.

– Доколку тестот е негативен и нема симптоми нема потреба од ПЦР тест, меѓутоа доколку е потребно и е негативен тестот, а има лицето симптоми на КОВИД тогаш е потребно да се направи ПЦР тест, рече Исијановски, додавајќи дека тестовите ќе чинат 1000 денари.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново