Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

sudstvo fin26.10.2020

Во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата”, Транспаренси Интернешнл – Македонија објави конкурс за изработка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото.

Од Транспаренси Интернешнл – Македонија со овој конкурс ги покануваат граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи да изразат интерес за подготовка на истражувачки стории од областа на корупцијата и владеење на правото.
-Со овие стории се цели кон отворање на теми кои ќе водат кон поддршка во борбата против корупцијата и во подобрување на политиките за антикорупција преку анализи на состојбите и укажување на конкретните слабости, посочуваат во соопштение.
Како предложени области ги наведуваат работата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) и Државниот завод за ревизија ДЗР), нивните надлежности и меѓуинституцинална соработка, соработката помеѓу ДКСК, АСЈО и ДЗР и невладиниот сектор и имплементација на законите за спречување на корупција, а поврзани со работата на ДКСК, АСЈО и ДЗР.
-Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да понудат конкретна предлог тема за подготовка на документ врз основа на предложените области. Доколку кандидатите имаат предлог, различен од предложените области треба да дадат конкретен наслов и образложение за издржаноста на темата. Истражувачката сторија може да опфаќа и една институција поеднично од горенаведените, соопштија од Транспаренси Интернешнл – Македонија.
Заинтересираните граѓански организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи треба да достават пријава, биографија и листа на објавени истражувачки стории.
Структурата на сторијата треба да е во следниот формат: наслов на текстот, разработена тема и методологија на подготовка на сторијата. Сторијата може да е и во видео формат.
Како што наведуваат од Здружението, право на аплицирање имаат граѓанските организации кои се занимаваат со истражувачко новинарство, новинари и истражувачи. При аплицирањето треба да се достави пријава, биографија и листа на истражувачки стории подготвени од страна на лицето кое аплицира.
Во рамките на проектот е предвидено финансирање на вкупно три истражувачки стории. Рок за испорака на истражувачките стории е 25 декември 2020 година.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново