Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

ambasadorkakuba fin

23.10.2020

Кубански лекари се подготвени во секое време да и помогнат на Земјава доколку е потребно, вели амбасадорката на Куба во земјава Каридад Јамира Кието Милиан.

– Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со ковид. Во целост 39.000 кубански доктори служат со луѓето низ светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да и помогнеме на Македонија и на македонскиот народ за оваа цел,изјави за ТВ Канал 5, Милиан.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација. Оваа земја има искуство со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против коронавиурсот.

Амбасадорката Милиан денеска се сретна со премиерот Зоран Заев.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново