Филипче: Се работи на изнаоѓање решение за нови термини, колегите работат во три смени
23.10.2020
Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини, напиша статус на ФБ министерот .
-Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, пишува Филипче.
Министерот го напиша постот откако на социјалните мрежи граѓаните и новинарите се жалат дека нема термини да се тестираат на државно, а немаат пари за приватните лаборатории како и дека тие се здравствени осигуреници цел живот, па не гледаат причина зошто би „фрлале“ толку пари за себе и за целото семејство.
Министерството за здравство објави дека во изминативе 24 часа направени се 2367 теста преку: ИЈЗ-721, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-496, Биотек-271, МАНУ -170, Жан Митрев (Филип Втори) -210, Систина со PCR метода -136 , лабораторија Лаор –77, Судска медицина-28, ЦЈЗ Битола-99, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-56, лаборатории од странство-0.
Во државава од почетокот на епидемијата досега се направени вкупно 231.613 тестирања на ковид -19.