Сончево со мала доумерена облачност и слаб северен ветер
Објавено на 20 октомври, 2020 во 08:00
20.10.2020
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се спуштат до еден степен, а дневните ќе се качат до 22 степени.
Во Скопје утринската температура изнесува 2 степени, додека максимално во текот на денот ќе се искачи до 18 степени.