Д-р Даниловски со предлог за воведување на полициски час
Објавено на 19 октомври, 2020 во 08:30
19.10.2020
Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа, предуредува д-р Драган Даниловски.
Тој побара строги рестриктивни мерки и без сентименталности.
-Да се воведе полицики час не од 23 часот туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми.Не може вие да ограничите 50% патници во автобусите, а воедно да не понудите поголем број на автобуси, изајви Даниловски за Сител.