Променливо облачно со врнежи од дожд
16.10.2020
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои најдолго ќе се задржат во источните делови каде на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Во останатите подрачја се очекува врнежите да престанат до пладне или рано попладне, но преку целиот ден на повеќето места ќе има зголемена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 14, а дневната од 17 до 24 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и услови за појава на грмотевици. Максималната температура ќе достигне 18 степени целзиусови.
Од сабота следува период на стабилно време, освен во недела во западните делови каде е можен слаб локален дожд. Ноќите ќе бидат студени, а дневната температура до понеделник ќе биде во опаѓање, а потоа ќе расте.