Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Venko fin

22.09.2020

Да ги почитуваме мерките и да не дозволиме да се преполнат болниците. Непочитувањето на мерките ќе значи оптоварени и изморени здравствени работници кои заради зголемениот број пациенти нема да можат да пружат соодветна нега и грижа. Да ги почитуваме мерките, бидејќи тоа значи истовремено и почит кон здравствените работници, рече денеска на прес-конференција министерот за здравство Веко Филипче.

Појасни дека иако во моментот вкупниот капацитет на болниците е во сосема добра состојба, еден од најголемите ризици беше и останува секако притисокот врз нашиот здравствен систем. Свесни дека повеќе од сигурно ќе се соочиме со есенски бран, потенцира, уште на почетокот на летото го подготвуваме здравствениот систем, ги зголемуваме капацитетите на болниците, функционира системот на ротација на лекари и медицински сестри. Но, нагласи, системот не може без граѓаните и нивната поддршка.

– Секој мора да ја разбере сериозноста од она што ни претстои, мора да разбере дека непочитувањето на мерките ќе не одведе кон нови рестрикции кои никој од нас не ги посакува, може да не одведе кон критична состојба во болниците, кон нова неизвесност на секое поле. Ова не смееме да го дозволиме, бидејќи тоа ќе значи и доведување во прашање на економската стабилност на земјата, работните места и егзистенцијата. Знаеме какви штети предизвикува карантинот како мерка и врз економијата и врз моралот на граѓаните насекаде не само кај нас. Можеме да го превенираме само со целосно и доследно држење до препораките и мерките. Од нас зависи како ќе го премостиме и овој бран. Во текот на следните денови ќе информираме за новите одлуки и мерки, истакна Филипче.

Карантиот, додаде, не го планираме и искрено се надевам дека нема да стигнеме до таму и затоа мерките се помеки.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново