Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

eurostandardbanka fin

13.08.2020
По губењето на лиценцата на Еуростандард банка, ВМРО-ДПМНЕ синоќа побара одговор од министерката за финасии Нина Ангеловска „дали била навремено информирана за да го повлече својот депозит во таа банка“.

„Нина Ангеловска кога дојде на позицијата министер за финансии на Република Македонија во својот анкетен лист пријави дека има депозит во вредност од 250.000 евра во Еуростандард банка. Ангеловска треба да одговори дали и пропаднаа 250 илјади евра, пари од заштеда кои самата ги има пријавено, а ако не се, односно истите ги повлекла, со оглед на фактот што тие пари согласно имотниот лист не ги располага веќе во таа банка, тогаш тоа е огромен скандал. Ангеловска е должна да каже дали имала предвреме информација за таквиот потег“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На тоа реагираа министерката Ангеловска и Министерството за фианнсии.

„Министерката за финансии Нина Ангеловска најостро ги демантира лажните вести дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка, по добиена информација дека банката ќе ја изгуби лиценцата за работење. Сите промени на имотната состојба на министерката се уредно пријавени во анкетниот лист и ги охрабруваме новинарите-истражувачи да ги погледнат датумите на пријавените промени. Потенцираме – промените се направени пред подолг период и јасно може да се увиди дека немаат никаква поврзаност со денешната објава на Народната банка“, пишува во сооштението на Министерството за финансии.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново