Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

policijastop fin

11.08.2020
Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз.

Од се уште непознати причини Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода” со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот.

Возилото се движело од Саранда во правец на познатото одморалиште Ксамил. Возачот кој се здобил со тешки повреди е пренесен во регионалната болница во Саранда, но според последните информации е вон животна опасност.

Ова е трета сообраќајна несреќа овој месец во којa учествуваат македонски државјани.

На први август на патниот правец Елбасан – Пеќин во директен судир учествувал македонскиот државјанин М.К.(38), со возило „мерцедес”, при што се здобил со полесни повреди. Во несреќата животот го загубил сопатникот во возилото „сузики” управувано од жител на Елбасан.

На истиот патен правец, на петти август, дошло до садар на три возила, автомобил „шкода”, управувано од А.И.(45) жител на Кучово, кај Берат „алфа ромео” управувано од Н.Х., како и автомобил „мерцедес” управуван од Р.Б. државјанин на Северна Македонија.

Во несреќата животот го загубила сопатничка во шкодата, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново