Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

kovid19 fin

10.08.2020

Статистиката на Министерството за здравство покажува дека моментно во државава имаме 3.648 активни случаи. Најмногу и понатаму во главниот град, 1.335, а само во Пехчево нема ниту еден случај. Зад Скопје, според бројноста на активни случаи се Штип со 400, Гостивар 326, Куманово 276, Струга со 195, Тетово 190, Дебар 127… По завчерашнате 200 нови случаи, вчера беа регистрирани нови 85, од вкупно направени 1.188 тестирања, 42 оздравени пациенти и четворица починати. Бројот на ковид дијагностицирани во државава достигна 11.839. Оздравени се 7.664 пациенти, а починаа 527.

Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека на Инфективната клиника се хоспитализирани вкупно 79 пациенти, а во болницата во Козле 15 возрасни и четири деца позитивни на вирусот, како и пет пациенти суспектни. Во ГОБ „8 Септември” се хоспитализрани 76 пациенти, во болниците во Битола и во Штип, 28 односно 50 пациенти, како и 123 на инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново