Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

najmnogunavrnatdozd fin

6.08.2020

Најмногу дожд до осум часот изутрина наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид 50.

По нив, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа, следат Пожаране со 41,Прилеп со 37, Битола и Штип со 33, Ѓуриште со 29, Тополчани и Крушево со 27, Крива Паланка со 26.

Во Тетово и Претор наврнале по 25 литри воден талог на метар квадратен, 24 во Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, девет во Струмица и четири во Берово.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново