Амбасадата на САД ја поздрави пресудата за Панчевски
5.08.2020
Амбасадата на САД во земјава ја поздрави денеска пресудата за поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.
– Пресудата од страна на Велешкиот суд, со која поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски е осуден на 3,5 години затвор за злоупотреба на АКМИС системот, е позитивен чекор во барање одговорност за оние кои се обвинети за поткопување на независноста на судството – објави на Твитер, Амбасадата на САД.
Поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, синоќа од страна на
велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години и шест месеци затвор.
Судијката, Валентина Георгиевска пресудата ја донесе синоќа по завршување на рочиштето што траше повеќе од десет часа.