Почина 18 годишно момче од струен удар
Објавено на 5 август, 2020 во 12:10
5.08.2020
Момче на 18 години од кичевско, вчера доцна попладне починало од струен удар.
МВР информира дека околу 17 часот вчера во полициската станица во Кичево било пријавено дека момчето се здобило се повреди предизвикани од струен удар во куќата на свој соселанец. Веднаш било пренесено во кичевската болница каде што им подлегнал на повредите.
Се уште нема информации како дошло до несреќата.
Од МВР велат дека нивна екипа извршила увид по што ќе следи целосно расчистување на случајот.