Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

mvrpolicija fin

5.08.2020

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на „Алфа“ и „Скопјеинфо“ од 05.08.2020 година за распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци.

Во моментов МВР нема распишано оглас за вработување на полицајци воопшто, а последниот јавен оглас за вработување на 500 полициски службеници е распишан во август 2017 година. Имено, и на линкот наведен во текстовите на двата портала, кој треба да води до наведениот оглас, упатува до празна страница, односно во моментов не постои објава на ниту еден оглас.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново