Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

pomorribi fin

11.07. 2020

Спортско риболовното друштво „Брегалница“ од Делчево вчера алармираше за нов помор на риби во реката Брегалница. Како илустрација споделија фотографии и посочија, на како што стои во нивната рекација, „Млекарата“.

Денеска со реакција се огласи команијата Млечна индустрија, која во соопштение тврди дека работи согласно законските прописи и обврски, во што се уверени и републичките инспектори, при последната пријава од страна на СРД „Брегалница” кај надлежните институции.

– Воедно Млечна индустрија сака да ја информира јавноста дека СРД „Брегалница” во повеќе наврати бара спонзорство од нас и бидејки досега нема добиено финансиска помош од нас, се обидува да не „оцрни” на секој можен начин. За сите обвинувања и клевети нашата компанија ќе си превземе правни процеси, истакнуваат од Млечна индустрија.

Како одговор на соопштението од Млечна индустрија, од Спортско риболовното друштво „Брегалница” за случајот велат дека тие не споменуваат имиња за тоа кој е виновник за труењето, туку апелираат сите да го погледнат видеото и фотографиите објавени на нивната Фејсбук страна и сами нека оценат од каде доаѓа загадувањето на река Брегалница и труењето на животинскиот свет во речните води.

Нема информација дали на терен излегол еколошки инспектор и дали е лоциран изворот на труењето.

Реката Брегалница по течението кај Штип пред три недели целосно побеле, откако во водите се излеа хемикалија од компанијата Техникал текстајл од Штип. Немаше помор на риби, додека испитувањето во надлежна лабораторија покажа дека течноста не е штетна по живиот свет.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново