(ВИДЕО) Жбогар на македонски јазик: Вирусот е дел од нас, никаде без маска
Објавено на 11 јули, 2020 во 17:27
11.07.2020
Евроамбасадорот Самуел Жбогар на Фејсбук објави видео во кое на македонски јазик повикува на почитување на мерките за заштита од Ковид-19.
– Вирусот е дел од нас. Само со почитување на мерките ќе успееме да имаме безбедно секојдневие. Носењето маска по маркетите, на пазарите, на гласачки места, во банка или во друг затворен простор е клуч за нашата основна заштита и безбедност. Никаде без маска!, порачува евороамбасадорот Жбогар.
Видеото погледнете го на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/?t=1&v=329209361417058