Одлучено за влез во Македонија на граѓаните од регионот да се бара ПСР тест
Објавено на 8 јули, 2020 во 08:45
8.07.2020
Комисијата за заразни болести соопшти дека на утрионскиот состанок донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.
-Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји. Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување, соопшто Министерството за здравство.