Денес сончево, исто и во следните денови, со пораст на дневната
Објавено на 8 јули, 2020 во 08:05
8.07.2020
Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер до засилен ветер од северен правец. Максималната температура до 32 степена,соопшти УХМР.
Од утре следува сончево време со пораст на дневната температура, но со посвежи утра.
За време на викендот, кога максималната температура треба да достигнува до 36 степени, локално на места ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.