Потопло време со повремени локални дождови
Објавено на 4 јуни, 2020 во 07:48
4.06.2020
Сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер од јужен правец. Попладне во северните делови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура до 28 степени. Тоа е пргнозата на УХМР за денеска.
Следува период на потопло време. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер. Под влијание на влажен бран, повеќе врнежи се очекуваат помеѓу петок и сабота.