Почина првиот медиумски работник во Македонија
Објавено на 2 јуни, 2020 во 15:39
2.06.2020
Почина првиот медиумски работник во земјава како последица на коронавирусот. Станува збор за 44-годишниот Бекин Бајрамоски од струшкото село Лабуништа.
Бајрамоски работел во локалната телевизија „Спектра“ во Лабуништа, со што бројот на починати во ова село се искачи на 16.
Денеска во земјава министерот за здравство Венко Филипче потврди дека се регистрирани 67 нови случаи на коронавирус и еден починат.